fbpx

Mazda CX-3 станува поголем

Во март Mazda го покажа обновениот кросовер CX-3

Сега јапонскиот производител откри повеќе технички детали за новата генерација на автомобилот, кој ќе биде пуштен во продажба во 2020 година. Следната генерација CX-3 ќе се премести на новата платформа SkyActiv II, која ќе го зголеми кросоверот до еден од неговите главни конкуренти Toyota C-HR.

Автомобилот ќе добие и поудобен ентериер со нови седишта и нов дизајн на панелот. Задната суспензија пак ќе биде заменета и истата ќе помогне да се отстрани вишокот на бучава од која се жалат многу клиенти на брендот.

Под хаубата на Mazda CX-3 ќе биде монтиран нов мотор од семејството SkyActiv-X со модифициран систем за компресија на горивото.

Тој ќе овозможи зголемување на вртежниот момент за 10-30%, а во исто време ќе штеди гориво од 20% до 30%. Основниот 2.0 литарски мотор на CX-3 ќе развива 187 КС и 230 Nm вртежен момент. Истиот мотор ќе го добие и новата генерација на Mazda 3 што ќе дебитира на автомобилскиот саем во Лос Анџелес во ноември, а неговата продажба ќе започне во 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button