fbpx

Премиера на CITROËN C5 Aircross SUV Hybrid Concept (Видео)

Главен акцент на штандот на CITROËN за време на овогодинешното саем во Париз во почетокот на октомври ќе биде светската премиера на новиот концептуален развој C5 Aircross SUV Hybrid

CITROËN C5 Aircross SUV Hybrid Concept ќе дебитира со хибриден погонски систем кој дава можност за возење до 50 километри на чист електричен режим со максимална брзина на движење од 135 km/h, а за таа цел се користи електричен мотор со моќност од 109 коњски сили и вртежен момент од 337 Nm, како и литиум-јонска батерија.

Во опремата на концептуалниот развој е вклучен исто така и PureTech 180 мотор со внатрешно согорување и осумстепена автоматска менувачка кутија. Вкупната максимална моќност на plug-in хибридниот систем на C5 Aircross SUV Hybrid Concept е 225 коњски сили, а погонот е на предните тркала.

Потрошувачката на гориво е на ниво од 2 литри на 100 километри, а за тоа помага и системот за регенерација на енергијата i-booster кој функционира при активирање на сопирачките и општото намалување на брзината. Полнењето на батеријата на C5 Aircross SUV Hybrid Concept може да биде спроведено директно од внатрешната електрична инсталација, а во зависност од нејзиниот вид, потребното време варира од четири до осум часа.

Со станица за полнење (32А) тоа трае 2 часа, а благодарение на апликацијата MyCitroën за мобилни телефони, клиентот може да воведе час за почеток на полнење, а на тој начин да се искористат пониски цени на електричната енергија.

Поврзани вести

Back to top button