Сериознa обнова за Renault Kadjar
Денес Renault излезе со соопштение за сериозно обновената верзија на моделот Kadjar кој доаѓа со променет дизајн, нова светлосна група, дополнителни можности во однос на персонализација, со акцент на ентериерот, нови и поекономични погонски агрегати и сеопфатно подобрување.
Од Renault велат дека наследникот доаѓа со примарна цел да им понуди на удобност, квалитет и ергономија на клиентите. Во исто време Renault Kadjar покажува стилска визија и потенцијал на и надвор од стандардните патишта.
Внатрешноста се одликува со нов мултимедијален и инфо-комуникациски модул со 7-инчен екран и R-Link 2 систем, обновена климатизација, нови отвори на системот за вентилација, нови рачки на вратите, нова средна конзола, нови бои и материјали за тапацир, вклучувајќи и Alcantara за топ-верзијата Black Edition.
Со капацитет од 525 литри, товарниот простор на Kadjar е едно од најголемите во сегментот, а доаѓа и со систем Easy Break за лесно превиткување на задните потпирачи во однос 2/3 – 1/3.
Во однос на палетата на мотори, Kadjar доаѓа со нов 1.3 литарски TCe бензински агрегат. Достапен во две верзии на моќ и во четири конфигурации врз основа на исти менувач. Дизел модификациите се две- Blue dCi 115 и Blue dCi 150. Првата од нив ќе се нуди првично со рачна, а во подоцнежна фаза и со роботизирана менувачка кутија. Додека втората дизел верзија доаѓа со рачна трансмисија и варијанти со погон на две и четири тркала.