Новата BMW 3-Series ќе биде меѓу најдобрите за аеродинамика
Во пресрет на светската премиера на новата BMW 3-Series, која ќе се одржи на автосалонот во Париз, баварците открија нови детали за моделот со индекс G20
Компанијата тврди дека ова ќе биде еден од најаеродинамичните сериски автомобили во историјата. Коефициентот на воздушен отпор кај новата BMW 3-Series е 0,23. Аеродинамиката на седанот се мери во центарот за тестирање во Минхен, каде аеродинамичните перформанси се тестирани на различни верзии на автомобилот со сите можни видови тркала и гуми.
Целта е да се открие точно како тие влијаат на потрошувачката на гориво, што е веќе во согласност со новиот WLTP тест стандард.
Новата BMW 3-Series ќе биде изградена на една од верзиите на модуларна платформа CLAR, која ќе му овозможи на автомобилот да стане простран и полесен од сегашната генерација. Во листата на опрема ќе се појави новиот мултимедијален систем кој ќе се управува со гестови, како и најсовремените системи за асистенција на возачот.