Новиот Opel Combo е „Меѓународен ван на годината“ за 2019 година
Новиот Opel Combo Cargo е прогласен за Меѓународен ван на годината 2019 - IVOTY 2019 (International Van of the Year) една од најпосакуваната и најпрестижната титула во круговите на производителите и потрошувачите на комерцијални возила (LCV - Light Commercial Vehicles).
Жирито го оцени Combo со 127 поени, а истото е составено од 25 специјализирани новинари од 25 европски држави. Opel победи далеку пред вториот на табелата Mercedes Sprinter (92 поени). Задоволството при возењето, иновативните електронски системи за асистенција на возачот и економичноста на моделот на Opel во однос на потрошувачката и експлоатацијата одиграа клучна улога за победата на новиот Combo. Opel прв пат ја освои наградата со Astra Van во 1999 година потоа со Vivaro во 2002 година.
Новиот Opel Combo е развиен од специјалисти на PSA групацијата и оптимизиран да ги задоволи барањата на германскиот бренд. Официјалната церемонија за доделување на наградите се одржа во Хановер. Главниот извршен директор на Opel, Мајкл Лоелер, лично ја превзема наградата од претседателот на IVOTY, Џалат Свини.
Жирито на IVOTY беше исклучително импресионирано од квалитетите и можностите демонстрирани од Opel Combo.
За прв пат во историјата на комерцијални возила инженерите и дизајнерите успеаја да создадат ван, плод на соработка меѓу различни марки, во кој ќе бидат вметнати основните вредности и идентитетот на секој од овие брендови без речиси никакви компромиси. Моделите на PSA ја менуваат дефиницијата на целиот сегмент на современите компактни комбиња, претставувајќи нов пристап во дизајнот и квалитетот на спроведувањето и опремата.
Новиот Opel Combo ја одбележува официјално својата светска премиера на меѓународниот саем за комерцијални возила IAA во Хановер.
Новиот Combo е развиен да понуди највисокa ефикасност на професионалците и најниски трошоци за поседување во овој сегмент од пазарот. Со новата конструктивна архитектура, интелигентни системи за асистенција на возачот, Combo е целосен изглед на едно модерно возило.
Од моментот на неговото лансирање, новиот Opel Combo ќе биде достапен во бројни варијанти, вклучувајќи го и стандардот.