fbpx

Jaguar I-Pace пропатува од Лондон до Брисел со едно полнење

Британската компанија Jaguar ги продолжува своите напори да го популаризира својот прв електричен кросовер I-Pace

Прво, Jaguar потпиша договор со познатата поп-ѕвезда Дуа Липа, а сега одлучи да ги демонстрира можностите на моделот за патување меѓу Велика Британија и Белгија. Овој толку агресивен маркетинг се објаснува со ниското ниво на продажба. И покрај сите очекувања, во август компанијата успеа да реализира само 140 единици од I-Pace, а вкупниот обем на продажба досега е помал од 600 возила.

На патувањето за кое станува збор, Jaguar I-Pace тргна од Лондон со целосно наполнета батерија, а потоа се упати кон тунелот Ламанш.

Компанијата доби специјално овластување да автомобилот вози преку посебна лента од тунелот по должина од 50 километри. Конечната дестинација на патувањето беше белгискиот главен град Брисел. Автомобилот успешно го помина растојанието од 369 km, со потрошена батерија до 8%, доволно за уште 32 km.

Генерално, од ова патување капацитетот на батеријата би изнесувал 401 km, што е значително помало од 470 километри најавени од производителот. Во исто време, Jaguar истакнува дека 15-минутно полнење ќе помогне да се зголеми опсегот за уште 100 километри.

I-Pace

Поврзани вести

Back to top button