Renault Clio со нова SUV изведба
Како еден од најпопуларните во класата на мали патнички возила во Европа, Renault во подем да го пласира Clio и во класата на компактни SUV
Според резултатите во однос на првите шест месеци на оваа година, во листата на најпродавани возила на второто место убедливо се наоѓа малото Clio. По овој, а исто така и минатогодишниот успех, каде второто место за најпродавано возило за 2017 година му припадна исто така на Clio, од Renault се решија овој мал заводник да го пласираат и во класата на компактни SUV. Претставувањето на овој модел се очекува во 2019 година, но прототипниот модел веќе беше уловен при првите тестирања.
И покрај скриениот изглед, може да се забележи дека Renault одлучиле да го задржат препознатливиот изглед, така што ова Clio нема претрпено големи промени во однос на надворешниот изглед. Овој модел доаѓа со нови фарови, нова форма на предниот браник и секако повисок е од хечбекот, при што споредбата на прв поглед со Sandero Stepway е неминовна.
Се очекува Renault да го задржат погонот на предните тркала како единствена опција, но можно е од Renault да изненадат и со погон на сите тркала.
Се претпоставува дека како и досегашниот така и овој модел ќе доаѓа со 3-цилиндричен бензински и 4-цилиндричен дизел мотор со можност на автоматска и мануелна трансмисија. Очигледно е дека Renault го задржиле бесмртниот 1.5 литарски дизел мотор, чија нова верзија можеше да биде слушната и забележана при тестирањата на прототипот, по неговиот препознатлив работен звук. Исто така, кај ова Clio би можела да биде присутна и 1.3 литарската дизел изведна на турбо моторот развиен од соработката на Renault со Daimler.
Што се однесува до тоа кога овој модел ќе биде претставен, нема никакви информации од страна на Renault. Се очекува негова премиера во 2019 година, но сепак не би не изненадило доколку ова се случи за некоја недела на автомобилскиот саем во Париз.