Новиот Peugeot 508 предпремиерно претставен во Македонија
На специјално организиран настан во центарот на Скопје, Peugeot го презентираше својот предводник моделот 508
Со овој автомобил имавме можност и одблизу да се запознаме во Монте Карло, каде и поминавме неколку километри. Пред одбрана публика Еуроимпекс го најави официјално пристигнување на моделот кон крајот на декември месец 2018 година. Претставувањето го отвори Ана Николоска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс, која јасно посочи за ексклузивното претставување на овој модел во Скопје, пред неговото појавување на Интернационалниот саем во Париз и го нарече „креација на иднината создадена од страна на Automobiles Peugeot”.
По неа накратко говореше и Ивана Манчева Михајловска, Заменик извршен директор и Регионален маркетинг директор на Еуроимпекс, која ја објасни стратегијата на компанијата и развојот на брендот и посочи дека се многу блиску до „премиум“ друштвото и со задоволство истакна дека најновиот модел на брендот Peugeot 508 уште еднаш го потврдува тој факт.
Новиот Peugeot 508 GT кој беше презентиран на настанот, беше во својата нова боја Ultimate Red која ја истакнува спортската елеганција.
Опремен со највисокото ниво на технологии и автономност. Со целосно новите предни и задни светла, ниската каросерија, прецизно исцртани линии, врати без рамки, нови мотори, нов автоматски менувач со 8 степени на пренос, висок квалитет на кожен ентериер, опција за “night vision” и многу други дополнителни елементи во опремата ги надмина очекувањата на сите присутни.