Skoda го нагласи VISION RS
Skoda обелодени нови детали и нови скици на својот нов концепт VISION RS, кој ќе дебитира за време на меѓународната сцена во Париз следната недела
Изработен во класичен футуристички дизајн, Skoda VISION RS е опремена со plug-in хибриден погонски систем, во која се вклучени 1.5 литарски TSI бензински мотор со внатрешно согорување и максимална моќност од 150 коњски сили, електромотор со дополнителни 102 коњски сили и литиум јонска батерија со капацитет од 13 kWh за целосно полнење од 2,5 часа.
Со вкупна максимална моќност од 245 коњски сили, Skoda VISION RS е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 7.1 секунди, како и да помине до 70 километри на чист електричен режим.
Од Skoda споделија и други интересни детали за VISION RS, вклучувајќи ја специјалната бела боја на каросерија, во која има органски компоненти, кои ја одбиваат топлината и го успоруваат неизбежното затоплување на ентериерот. Од брендот коментираат дека во развој е широката примена на карбонат, а од него се направени предната решетка, спојлерот, капаците на надворешните ретровизори, воздушните отвори, заднот дифузер и друго.