Ботас го пропушти Хамилтон за победа во Русија
Наредби од боксот на Mercedes му ја скратија победата на Валтер Ботас, но пак му ја донесоа осмата победа на клубскиот колега Луис Хамилтон и му помогнаа да ја зголеми предноста пред Себастијан Фетел на 50 поени.
Ботас ги освои квалификациите и на трката беше најбрз пилот на Mercedes, откако го задржи лидерството на стартот и во следните 12 круга се до запирање во боксот за нови гуми. Во следните два круга по него влегоа, Фетел и Хамилтон, но германскиот пилот на Ферари ја прекрши стратегија на Луис и отиде пред него.
Два круга подоцна Хамилтон го нападна, Фетел успеа да го блокира на два пати, но на влезот во кривина та четири шампионот си ја врати третата позиција, што стана втора по прекинот во боксот на возачот Макс Верстапен.
Хамилтон го стигна Ботас во 25-тиот круг кога од боксот му наредија на Финецот да го пропушти Луис.
70-та во кариерата и 8-ма за оваа година Хамилтон е се поблиску до петтата светска титула. Кими Раиконен со Ferrari заврши 4-ти, а Макс Верстапен кој тргна 19-ти финишира на петатта позиција и беше избран за „Пилот на денот“.
Следниот настап на Formula 1 е Големата награда на Јапонија на 7-ми октомври.