fbpx

Париз 2018: 911 Speedster, новиот модел на Porsche

За време на меѓународната изложба во Париз која започна вчера, Porsche објави дека компанијата се одлучила за сериско производство на новиот 911 Speedster. Моделот ќе се произведува во лимитирана серија од 1948 примероци, а првите примероци ќе ги видиме следната година

Porsche 911 Speedster е развиен врз основа на семејството 911. Ќе биде и првиот автомобил на Porsche кој ќе се нуди со најновите Heritage Design пакети. Во опремата ќе бидат вклучени и 21-инчни бандажи со дизајн кој личи на тркачките автомобили на легендарниот бренд.

Телото на концепт верзијата на Porsche 911 Speedster на париската изложба е развиен врз основа на 911 Carrera 4 Cabriolet. Односно темата е со поголеми браници, преден и заден капак од карбон, шасијата е на 911 GT3, издувниот систем е направен од титаниум, а менувачката кутијата е со шест брзини. Погонскиот агрегат на моделот е класичниот за брендот шестцилиндричен мотор со максимална моќност од над 500 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button