Париз 2018: Duster доби мотор од Daimler
Најпопуларниот модел на Dacia, доби нов 1.3 литарски бензински турбо мотор развиен заеднички од страна на алијансата Renault-Nissan и Daimler
Новиот мотор на Duster ќе биде достапен со 130 коњски сили и 240 Nm и 150 КС и 250 Nm. Серијата TCe има алуминиумски блок, директен систем за вбризгување на гориво и филтер за честички. Верзиите со преден погон со новиот мотор ќе се нудат на пазарот во Европа уште на крајот на октомври. Додека оние со погон на четири тркала ќе бидат достапни во средината на 2019 година.
Покрај новиот мотор развиен со заеднички напори на инженерите на Renault и Mercedes-Benz, бестселерот на романската марка ќе добие и ажуриран мултимедијален систем MediaNav Evolution кој поддржува AppleCarPlay и AndroidAuto. Системот ќе му овозможува на возачот да сними и надворешни апликации како WhatsApp, Spotify и други.