Париз 2018: Новиот Audi А1 на саемот во Париз
По осум години откако првата генерација на Audi A1 која беше претставена на салонот во Париз, компанијата од Инглоштад оваа година го покажа новиот А1
А1 Sportback е побрз, поголем и подобар од кога и да е, а мора да се признае дека под светлата на
штандот и подобро изгледа. Изложен беше во повеќе бои, а најголемо внимание привлече црвениот со бели елементи инспирирани од рели автомобилите.
Автомобилот е со димензии: 1,74 ширина, 4,03 должина и 1,4 метри висина, а од компанијата тврдат дека е совршен за урбано возење. Во зависност од опремата достапни се 15, 16 и 17 инчни тркала. Моделот со зголемените димензии е попросторен, а во внатрешноста во првото ниво на опрема е вметнат 8,8 инчен екран на допир.
Палетата на мотори ја исполнуваат верзии со три и четири цилиндри. Најмоќниот е 1.4
литарскиот TFSI со 197 коњски сили, додека во основниот модел има исто така 1.4 литарски
трицилиндричен агрегат со 93 КС. Кај помалите мотори возможен е избор помеѓу автоматски
или мануелен менувач, додека кај најмоќната верзија се вметнува само S tronic менувачот.