fbpx

Париз 2018: Kia ProCeed како новитет во линијата Ceed

Изненадувањата во врска со нови и неочекувани модели не престанаа, а за тоа се погрижи и Kia која го престави потполно новиот ProCeed

Многумина ова го сметаат како храбар чекор токму поради двете изведби на самиот Ceed во хечбек и shooting brake верзија. Но сепак, тоа што го прави ProCeed поинаков и најдинамичен во својот асортиман, е токму неговата практичност која е речиси иста како таа на и Sportwagon верзијата на Ceed, но сепак со задржан спотрски изглед кој наликува на Ceed GT.

Димензиски гледано, новиот ProCeed е долг 4.604mm и висок 1.422mm, со што во споредба со Sportwagon е подолг за само 5mm, но сепак понизок за 43mm. На оваа споредба може да се додаде и капацитетот на багажниот простор кој му е оправдано помал со 549 литри наспроти 625 на Sportwagon.
Надворешниот изглед е прилично примамлив и атрактивен. И покрај тоа што предниот дел наликува прилично на Ceed GT, големата разлика се гледа во задниот дел на овој модел, особено во изведбата на задните стоп светла со целосна лента на LED светла , со која Kia го прати најновиот тренд во индустријата.

kia proceed paris

Ентериерот е речиси препознатлив за Kia, со 7 инчен дисплеј во средина на контролната табла, како и воланот со рамен долен дел, што исто така сме ги виделе и кај останатите модели. Што се однесува до погонските агрегати, изненадувањето и не беше баш така големо. Овој модел исто како и Ceed, доаѓа во варијанта од два бензински мотори и тоа 1.0 литарскиот со 118 коњски сили и 1.4 литарскиот со 138 коњски сили. Исто така тука е и дизел верзијата со новиот 1.6 литарски мотор. Кај сите овие, достапен е и 6-степен рачен менувач, како и 7-степен автоматски менувач.
Спортската верзија ProCeed GT е опремена со 1.6 литарски T-GDI бензински мотор кој испорачува 201 коњски сили и вртежен момент од 265 Nm. Тука изборот е ограничен само на 7-степен автоматски, без опција за рачен менувач.

Овој модел ќе може да го видиме само по улиците на Европа, со почеток на продажбата во првата четвртина на 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button