Виетнам со Formula 1 трка во 2020 година?
Менаџментот на Formula 1 - Liberty Media се согласи со државните власти на Виетнам да одржат трка од шампионатот во 2020 година. Официјално се очекува да биде потврдена на крајот на оваа сезона и патеката ќе биде лоцирана 12 километри западно од центарот на Ханој.
Директорот на трките Чарли Вајтинг ја посетил идната локација на трката за Formula 1 во Виетнам и изразил доверба дека трасата и инфраструктурата ќе бидат подготвени до 2020 година. Комплексот е во напредна фаза на дизајнирање и ќе вклучува постоечки пат и сосема нов дел креиран специјално за патеката.
По завршувањето на Formula 1 трката, патеката ќе се користи како јавен пат
Виетнамската трка ќе се одржи една година пред ФИА да ја претстави следната генерација на F1 автомобили во 2021 година. Идниот дизајн се фокусира на аеродинамиката со некои општи елементи, а тоа ќе овозможи да се засилат натпреварувачките трки. Предлогот вклучува уште помали трошоци за тимовите и стандардизација на некои делови.