Mazda ја најави новата G-Vectoring Control Plus технологија
Со новата GVC Plus технологија, Mazda ни пружа уште поинакво и помирно искуство позади управувачот
Како втора генерација од системот за контрола на динамиката на возилата, Mazdа ни ја претстави новата G-Vectoring Control Plus технологија како дел од SKYACTIV-Vehicle Dynamics серијата. Оваа технологија ќе биде имплементирана во сите модели на Mazda, вклучувајќи го и новиот CX-5, кој ќе биде првиот модел кој го носи овој систем, а чии пред-нарачки во Јапонија веќе започнуваа.
Првата генерација на оваа технологија односно G-Vectoring Control, беше првиот ваков систем кој врши промена на вртежниот момент на моторот како одговор на управувачките влезови, со цел да обезбеди интегрирана контрола на страничните и надолжните забрзувачки сили и да го оптимизира вертикалното оптоварување на секое тркало за непречно и ефикасно движење на возилото.
Овој систем беше најавен во Јуни 2016 год.
Новата GVC Plus технологија, ги користи сопирачките за да обезбеди директна контрола врз т.н. момент на пливање на возилото (yaw moment), со што обезбедува уште поголема стабилност при управување. Така, при излегување од свиок и враќање на воланот во средишна, односно централна позиција, овој систем врши мало прикочување само на надворешните тркала, при што обезбедува поголем момент на стабилност и исправување на возилото.
Системот GVC Plus остварува постојана и непречна врска помеѓу аглите на трите оски на ротација на возилото (yaw, pitch and roll) дури и при движење во многу остри свиоци, со што ја подобрува способноста на возилото непречено да ги следи дури и ненадејните управувачки влезови, како и наглите и крути излегувања на возилото од свиок.
Со цел да се подобри управливоста при нагли маневри за избегнување на удари, GVC Plus системот нуди убедувачко чувство на контрола со возилото при промена на ленти при движење на автопат, како и при возење на снег или други лизгави површини на патот.
Со примена на филозофијата базирана на човечкото однесување при разни вообичаени возни ситуации, Mazda ќе продолжи да го прати и подобрува задоволство при возење, кое им овозможува како и на возачот, така и на патниците да се чувствуваат како целина со возилото, при што ќе имаат порелаксирано и поудобно возење.