fbpx

Париз 2018: BMW ја претстави третата генерација на Z4

И покрај светската премиера на овој модел во август на Pebble Beach-САД, сепак Z4 привлече голем број на посетители на штандот на BMW

Германскиот гигант овој пат во Париз ни презентираше неколку нови модели, меѓу кои се наоѓаше и новата генерација на Z4. Новиот роудстер ни доаѓа со три погонски опции и тоа: sDrive20i со 2.0 литарски четири-цилиндричен мотор со моќност од 197 коњски сили, sDrive30i со 2.0 литарски четири-цилиндричен мотор кој испорачува 258 коњски сили и најмоќниот M40i со 3.0 литарски шест-цилиндричен мотор со импресивни 340 коњски сили, кој забрзува од 0-100 km/h за само 4.6 секудни. Сите три мотори се придружени со осум-степен автоматски менувач.

Третата генерација на Z4 се базира на истата платформа како и Toyota Supra, со екстремно цврста шасиска структура, при што е пружена максимална агилност, управувачка прецизност и прилично динамичен возен карактер. Пропорциите на овој двосед се прилично класични за еден ваков тип, кој се карактеризира со долго меѓуоскино растојание, долга хауба и краток заден дел.

1 | BMW Z4
2 | BMW Z4
3 | BMW Z4
4 | BMW Z4
5 | BMW Z4

    Во предниот дел на Z4 може да се забележи дека пораснале “бубрезите” кои во внатрешноста доаѓаат со класичната мрежна изведба и придонесуваат за поагресивниот изглед на овој модел. Во стандардната опрема на Z4 се вклучени и LED фарови, чии дневни светла овој пат ни доаѓаат во нов изглед. Со оглед на тоа дека се работи за cabrio верзија, овој модел доаѓа со платнен кров, кој може да се отвори или затвори за само 10 секунди, дури при движење со брзина до 50 km/h.

    За да пружи незаборавно возачко искуство, интериерот кај овој автомобил е комплетно насочен кон возачот. Инструмент таблата е целосно дигитализирана, каде што е имплементиран новиот 7.0 infotainment систем, а во централната конзола е поставен е 10.25-инчен екран, додека пак интериерот е целосно кожен.

    Што се однесува до системите за помош на возачот, кај овој модел се вклучени голем број на вакви системи, меѓу кои се системот за нагло сопирање со препознавање на пешаци и функција за предупредување за опасност со активирање на сопирачките, предупредување при напуштање на лента, активен темпомат со Stop&Go, систем за помош при паркирање, препознавање на сообраќајните знаци, систем за спречување на удар во задниот дел и многу други.

    Новиот Z4 како кабриолет верзија ќе биде достапен во Европа од март 2019 година.

    Поврзани вести

    Back to top button