Новиот X7 официјлно претставен
Долго најавуваниот BMW X7 во форма на концепт се појави во 2017 година на саемот за автомобили во Франкфурт, подоцна истата година во погоните во САД започна и предпроизводството на неколку модели, додека сега конечно и официјално е пред нас
Првото соопштение вели дека моделот ќе се појави во неколку верзии и тоа, BMW X7 xDrive40i со 3.0 литарски турбо агрегат со 335 коњски сили, BMW X7 xDrive50i со 4.4 литарски мотор со две турбини и 456 КС, BMW X7 xDrive30d со 3.0 литарски турбо дизел со 256 КС, како и BMW X7 M50d со четири турбини и 400 КС.
Сите верзии стандардно ќе имаат погон на сите четири тркала, односно xDrive и осум степен автоматски менувач. Заедно со xDrive системот доаѓаат и четирите режими на управување xSand, xGravel, xRocks и xSnow. Подоцна, многу веројатно е да се појави и plug-in hybrid верзија која комбинира TwinPower Turbo бензински агрегат, електромотор и литиум-јонски батерии.
Што се однесува до димензиите на X7, тоа се должина од 5151 mm, ширина 2000 mm и висина од 1805 mm, а меѓуоскиното растојание е 3105 mm. Клинетите ќе може да одберат помеѓу 20, 21 или 22 инчни тркала.
Се очекува главните пазари за BMW X7 да бидат Кина, Русија и САД, а стартот на продажбата да почне во март следната година.