fbpx

Путин лично го возеше својот нов автомобил, Aurus

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат седна зад воланот на новиот бренд Aurus. Ова се случи во Сочи, каде што шефот на државата пристигна со својот египетски колега, Абдул Фат ал-Сиси.

Путин прво го покажа автомобилот на гостинот, а потоа направи една обиколка на патеката на која се одржува трката од светскиот шампионат во Formula 1. Моделот на Aurus е опремен со 4.4-литарски V8 мотор со турбо полнач кој развива 600 КС.

Моторот на Aurus работи во комбинација со 9-брзински автоматски менувач и погон на четири тркала.

Автомобилот на рускиот претседател е дел од проектот Кортез, кој развива автомобили за руската елита. Првиот од нив беше лимузина наменета за шефот на државата. Таа беше претставена на инаугурацијата на претседателот на 7 мај 2018 година.

aurus

Автомобилите на проектот се крстени по кулите на Кремљ. Седанот и лимузината се имануваат Сенат, миниванот – Арсенал, а кросоверот, кој ќе се појави следната година, ќе се вика Командант. Во 2019 година треба да биде готов и прототипот на компактен кросовер, кој во моментов се развива, а една година подоцна ќе излезе и кабриолет верзија. Исто така постои и мотоцикл кој ќе биде достапен под брендот IG.

Продажбата на Aurus започнува во јануари 2019 година, тој ќе биде достапен и во најмалку шест други земји.

Поврзани вести

Back to top button