Германија: нов Opel за стариот дизел
Opel со бонуси и до 8.000 евра при замена на стариот дизел автомобил со нов
Изминатава година во Германија се превземаа драстични мерки против едни од најголемите загадувачи во сообраќајот, дизел возилата. Во еден од најголемите градови во Германија – Хамбург, веќе постојат закони со кои се забрануваат некои од дизел загадувачите, односно оние кои не ги исполнуваат условите по последната дизел регулатива. Новата кампања на Opel е наречена “Бонус за животната средина” и претставува кампања со која Opel нуди бонуси дури до 8.000 евра при замена на вашето старо дизел возило за ново.
Овој бонус се однесува за дизел возила од било кој производител кои се од Euro 1 до Euro 4 стандардите.
Покрај ова, тие исто така нудат и атрактивна понуда за сопствениците на дизел возилата по Euro 5 стандардот во деловите од Германија каде загаденоста е на високо ниво. Единствен услов е возилото да биде предадено и целосно уништено. Оваа кампања можат да ја искористат и приватните и малите комерцјални клиенти од Германија. Исто така Opel дава и дополнителна геранција од две години.
Со воведувањето на „Бонус за животната средина”, им се олеснува на клиентите да се префрлат на најновите и најефикасните модели на Opel, со што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот, изјави извршниот директор за продажба, маркетинг и постпродажба на Opel Германија, Јирген Келер.
Од Opel исто така изјавија дека се веќе подготвени за иднината со своето ултра-модерно портфолио: Производителот од Rüsselsheim е веќе подготвен за новиот Euro 6d-TEMP стандард кој стапува на сила во Септември 2019 година. Компанијата веќе нуди 127 изведби на патнички возила кои ги исполнуваат построгите граници на новиот стандард, а тука спаѓаат Combo, Corsa, Crossland X, Grandland X, Insignia, Mokka X и други.