fbpx

Audi R8 2019: Фејслифт со малку агресија

Гласините дека V10 моторот ќе се замени со набилдан V6 мотор конечно стивнаа бидејќи Audi R8 стана реалност

Сега знаеме каква промена претрпе Audi R8 2019. Всушност постоечкиот V10 мотор доби дополнителни 30 коњски сили (22kW), додека V10 Performance Quattro (како што сега се нарекува V10 Plus моторот) доби скромни 9 КС (7kW). Но сепак скромен не е збор со кој би се опишал новиот R8, бидејќи дури и основниот модел може да развие брзина од 60 km/h за помалку од 3,5 секунди.

Што се однесува до промените на надворешниот изглед на автомобилот, можеме да забележиме дека видливи промени има само на предниот дел. Така предниот дел на автомобилот е малку по квадратна, со додадени мали исправени аголни отвори. Самата решетка е поширока, се протега поблиску до фаровите, а исто така ќе видите мали доводи за воздух помеѓу светлата и таблата каде што не постоеле претходно. Трите тесни, хоризонтални отвори на врвот од предницата невозможно е да се пропуштат и изгледаат прилично кул.

Поизразени се промените во задниот дел на автомобилот. Суптилните трапезоидни издуви се заменети со нови овални кои не се ни малку суптилни, а исто така меѓу нив се протега и голем заден дифузер кој е доста поширок во однос на претходниот Audi R8. Останатиот дел е оставен непроменет. Што се однесува до внатрешноста на автомобилот, се е исто само со нови опции на боја.

Поврзани вести

Back to top button