fbpx

Tesla во третиот квартал од 2018 конечно со профит

Финансиските резултати од третиот квартал за Tesla изненадија со добивка од 2,90 долари по акција

Компанијата може да се пофали со приход од 6,82 милијарди долари. Очекуваните резултати на Вол Стрит врз основа на бројни проценки на аналитичарите беа: загуби од 15-19 центи по акција и
приход од 6,33 милијарди долари. Tesla смета дека 2018 е исклучителна година за компанијата бидејќи побарувачката за Model 3 се зголемува брзо, а продажбата го достигна новиот рекорд на сите времиња.

Tesla

„Системот за производство на Model 3 се стабилизираше во овој квартал од годината. Меѓу другото, ги направивме неопходните промени за да овозможиме производство на All-Wheel Drive (AWD) верзија на Model 3, без нарушување на процесот на производство. Овој квартал го започнавме со производство на Rear Wheel Drive (RWD) Model 3 и го завршивме произведувајќи речиси целосно AWD автомобили.  Иако AWD-моторите се значително посложени за производство, во последната недела од овој квартал произведовме 5.300 Model 3.”

Поврзани вести

Back to top button