fbpx

Нови детали за Škoda Scala (Видео)

Од Škoda ги претставија новите детали за новиот Scala, првиот претставник на брендот развиен на модуларната A0 MQB платформа на матичната компанија Volkswagen Group

Новиот хечбек Scala ветува да понуди исклучително високо ниво на активна и пасивна безбедност, целосно LED осветлување на предните и задните светла, пространа внатрешност и голем багажник, како и ште многу ситници и додатоци кои ќе го олеснат секојдневното возење. Главните димензии на Škoda Scala се, должина 4362 mm, ширина 1793 mm и 1471 mm височина со меѓуоскино растојание од 2649 mm.

Од брендот велат дека патниците на задните седишта ќе можат да се потпрат на простор за нозете од 73 mm, 1425 mm за рамената и 982 мм за главите. Товарниот простор на новиот модел ќе биде 467 литри, а по преклопување на задното седиште, товарот се зголемува до 1410 литри.

Škoda Scala ќе влезе на пазарот во првата половина на следната година со избор од пет верзии на моторот, чија максимална моќност ќе се движи од 90 до 150 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button