Halo Car, предводник на N performance серијата на Hyundai
После неколку месеца на гласини и шпекулации, Hyundai конечно одобри спортски автомобил од N performance серијата, Halo Car.
Во оваа рана фаза на развој сеуште не е сигурно кој е правецот Hyundai ќе го заземе за Halo Car. Извршниот директор на Hyundai тврди дека ќе биде нешто слично со RM 16 N концептот. Односно ќе спаѓа во сегментот на супер спортски автомобили, но не се знае дали ќе биде ограничено издание или не.
“Позади сцената, работиме напорно да донесеме “halo model“ – како предводник на N брендот. Ќе биде одлична машина, нешто што никој не би очекувал од Hyundai, нешто многу егзотично.„ – објасни извршниот директор
Внатрешните дебати околу Halo Car моделот сметаат дека подобро е да биде двосед спортски автомобил, отколку седан со високи перформанси.