fbpx

Новиот Mercedes-AMG GLC 63 S побрз од повеќето спортки купеа

И покрај миксот меѓу стил, луксуз и практичност, GLC 63 S претставува SUV возило со одлични перформанси

Кога се работи за совршениот автомобил, сите помислуваме на бленд помеѓу брзина и практичност, нешто што досега претставуваше нереална идеа. Замислете си едно возило да може да ја задоволи вашата потреба за брзина, додека во исто време нуди удобност и практичност потребни за долги семејни патувања.

Така кога станува збор за спортски SUV возила и нивната привлечност, Mercedes се гордее со својот нов AMG GLC 63 S.

На прв поглед, веднаш добивате впечаток дека се работи за сериозна машина која зрачи со AMG стил. Предната маска има прилично агресивен изглед, кој наликува на AMG GT моделите. Во задниот дел може да се забележи робусниот заден браник со класичните четири издуви. Исто така тука се и препознатливите гигантски 21-инчни фелни, кој оставаат дополнителен впечаток.

1 | GLC 63 S
2 | GLC 63 S
3 | GLC 63 S
4 | GLC 63 S
5 | GLC 63 S

    Кај AMG моделите, Mercedes направи некои промени во шасијата, кои беа имплементирани во овој модел. Таква е новата AMG воздушна суспензија со која ни доаѓа GLC 63 S, како и новите управувачки зглобови и оптимизираните електрокинематички и радијални кочиони врски. Во срцето на овој спортски SUV модел, се наоѓа веќе познатиот дво-турбински AMG мотор кој всушност претставува 4.0 литарски V8 мотор.

    Кај моделот S, излезната моќност е 503 коњски сили, а доколку се работи за модел кој не е “S”, тогаш излезната моќност е 469 коњски сили, што е сепак прилично импресивно за едно SUV возило.

    Оваа моќност се испорачува до сите четири тркала преку AMG Speedshift 9-степениот автоматски менувач. Ова му овозможува на GLC 63 S да забрза од 0-100 km/h за фантастични 3,8 секунди. Но, кога овој SUV беше тестиран од страна на екипата на “Еdmunds”, тие успеаа да го скратат ова време за 0,3 секунди, па така успеаа да постигнат забрзување од 0-100 km/h за неверојатни 3,5 секунди.

    При тоа, GLC 63 S се докажа како побрз од AMG GT-R моделот, чие забрзување од 0-100 km/h при тестирањето на “Еdmunds” изнесуваше 3,6 секунди. Со ова, овој модел станува уште поимпресивен и попривлечен. Во продолжение можете да го погледнете тестирањето на овој модел од страна на Edmunds.

    Поврзани вести

    Back to top button