fbpx

BMW го претстави кабриолетот од серијата 8

Германскиот производител BMW ja продолжува својaта офанзива на модел во луксузниот сегмент и ја претстави серијата 8 во кабриолет верзија

Автомобилот излегува на пазарот со избор на мотори, а ќе се нуди со најсовремени системи за помош на возачот и за поврзување, вклучувајќи и технологијата BMW Intelligent Personal Assistant. Каросеријата изгледа динамична, особено кога покривот е отворен. Атлетско присуство се обезбедува од формата на предниот браник со големите отвори за воздух кои кај верзијата BMW M850i xDrive се сериски, а кај BMW 840d xDrive влегуваат во опционалниот M спортски пакет.

Покривот на BMW 8 е направен од мек текстил, со оптимизирана тежина и добра звучна изолација. Текстилниот покрив во сериската верзија е црн, но како опција може да биде и во сива боја. Се отвора и затвора во времетраење од 15 секунди по притискање на копче, со брзина до 50 km/h.

Автомобилот излегува со избор од два мотора – бензински V8 и 6-цилиндричен дизел.

серијата 8

 

Првиот од нив, 4.4 литарскиот V8, е засилен со M издувен систем каде може да се регулира длабочината на звукот. Моќноста на моторот е 530 КС, а максималниот вртежен момент е 750 Nm. Ова му овозможува на BMW M850i xDrive да забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,9 секунди.

Верзијата BMW 840d xDrive за возврат се потпира на 6-цилиндарскиот мотор TwinPower Turbo со систем за директно вбризгување Common-Rail со Piezo -инјектори. Моќта на единицата е 320 КС, а максималниот вртежен момент е 680 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 5,2 секунди.

Двата мотори го исполнуваат стандардот за емисија на Euro 6d-TEMP. Единиците се комбинирани со осум брзини Steptronic Sport трансмисија и погонот на четири тркала BMW xDrive.

 

Поврзани вести

Back to top button