Соларна технологија во моделите на Kia и Hyundai
Двата производители со поинаков начин на производство на електрична енергија кај своите возила
Јужнокорејските производители развиваат нова технологија за производство на електрична енергија, која се базира на соларни панели кои можат да бидат вградени на покривот или хаубата на возилото, со цел да се помогне полнењето на батериите како и да се зголеми горивната ефикасност. Овие панели ќе обезбедуваат дополнителна електрична енергија кај возилата со мотор со внатрешно согорување, хибриден или батериски електричен погон.
Соларната тегнологија се состои од три вида на соларни системи и тоа: првата генерација на силиконски соларни покривни системи, втората генерација на полу-транспарентни соларни покривни системи и третата генерација на лесен соларен капак.
Првиот тип ќе се користи кај хибридните модели и се состои од масовно произведени силиконски соларни панели кои ќе бидат поставени на покривот на возилото. Во зависност од временските услови и општата околина, овој систем може да ја наполни батеријата од 30 до 60 проценти во еден ден. Иако не звучи многу спектакуларно, сепак придобивката е во намаленото време на полнење, како и во заштедата на гориво во услови кога не постои можност да се поврзе возилото на полнач.
Полу-транспарентниот соларен систем ќе се користи исклучиво за возила со мотор со внатрешно согорување.
Сончевите панели од овој систем ќе бидат вградени во панорамскиот сончев покрив, при што нема да ја попречуваат неговата функција со оглед на тоа што тие се полу-транспарентни. Третиот тип односно системот со лесен соларен капак ќе вклучува структура чии панели ќе бидат поставени на хаубата како и на покривот од возилото.рече извршниот потпретседател на Инженерскиот дизајн дивизија на Hyundai Motor Group, Jeong-Gil Park.
“Во иднина, различни видови на технологии за производство на електрична енергија ќе бидат имплементирани во возилата, меѓу кои секако е и системот за полнење со соларни панели”, изјави извршниот потпретседател во одделот за дизајн на Hyundai Motor Group, Јеонг-Гил Парк.
Сепак овие автомобилски производители сеуште не ни откриваат кои од нивните модели ќе бидат првите кои ќе ја добијат оваа технологија.