Polestar со првите тестови за нивниот прв модел
Новата автомобилска марка Polestar, која е дел од гигантот Volvo Cars, објави дека компанијата ги спровела првите краш-тестови со првиот претставник на фирмата, моделот Polestar 1
Од компанијата велат дека со спроведување на првите тестирања на Polestar 1, при што возилото било удрено во мирување во пречка со брзина од 56 km/h, Volvo Cars ја направила и првата проценка да излезе надвор од стандардите и да користи армирано јаглеродно влакно како главен структурен елемент.
„Навистина сме возбудени поради овој краш тест“, коментира Товас Ингенлат, извршен директор на компанијата. „Првиот краш тест на Polestar 1 е чекор кон изучување на непознатото. Тоа беше исклучително важна точка во развојот на Polestar 1. Ни требаше да се увериме дека идеите и пресметките кои биле направени за време на развојот на автомобилот биле правилни“.
Polestar 1 е двовратно купе со хибриден погон што ќе понуди на возачот можност да осети максимална моќност од 600 коњски сили и максимален вртежен момент од 1000 Nm. Овие параметри автоматски го поставуваат автомобилот во сегментот на спортот, а особено луксузните автомобили.
Уникатна карактеристика на автомобилот ќе биде таа дека тој ќе биде во можност да помине во чист електричен режим до 150 километри, што го става на врвот кај хибридните по овој параметар.