fbpx

Škoda ја покажа внатрешноста на Scala

Škoda ја објави првата скица на ентериерот на целосно новиот модел Scala, а во исто време објави дека светската премиера на автомобилот ќе се одржи на 6 декември во Тел Авив

Škoda Scala ќе биде првиот автомобил на компанијата, кој ќе биде опремена со инфо-комуникацискиот систем на брендот од најновата генерација. Како главен акцент тука ќе биде новиот високо позициониран екран, а како дополнителна опрема за автомобил ќе се нуди и 10.25 инчна внатрешна виртуелна контролна табла.

Друг интересен акцент во внатрешноста на новиот хечбек ќе биде системот за индиректно осветлување, која ќе понуди избор на осветлување во повеќе бои. Благодарение на системот за мобилно поврзување Škoda Connect од последната генерација, возачот ќе има можност да ги заклучува или отклучува вратите и да го ажурира софтверот на вградениот систем и картите на навигацискиот систем, преку својот мобилен телефон.

Димензиите на Škoda Scala се должина 4362 mm, ширина 1793 mm и висина од 1471 mm, додека меѓуоскино растојание е 2649 mm. Од брендот велат дека патниците на задните седишта ќе можат да се потпрат на слободен простор за нозете од 73 мм, 1425 мм за рамената и 982 мм за главите. Товарниот простор на новиот модел ќе биде 467 литри, а со преклопувањето на задните седишта волуменот ќе може да достигне 1410 литри.

Škoda Scala ќе стапне на пазарот во првата половина на следната година, со избор меѓу пет погонски верзии, a максималната моќност ќе биде помеѓу 90 и 150 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button