fbpx

Mercedes го одложи почетокот на продажбата на електричниот кросовер

Сите кои се подготвиле за купување на сосема новиот и целосно електричен кросовер на Mercedes-Benz - EQC, кој беше претставен од компанијата пред 2 месеци, ќе треба да се имаат трпение

Германскиот производител го одложи почетокот на продажбата за една година. Причината за одложувањето е дека компанијата за батерии на Daimler, која е одговорна за производство на литиум-јонски батерии за возилото се уште не е подготвена. Се планира до крајот на годината да бидат вработени најмалку 500 нови вработени. Така, наместо во јануари, производството на Mercedes-Benz EQC ќе започне од април.

Од Mercedes тврдат дека доцнењето е само привремено, бидејќи Daimler во моментов ги проширува производствените капацитети, кои претходно обезбедуваа 200.000 батерии годишно.

Плановите на Mercedes за електрификација на целиот опсег на модели до 2022 година бара значително зголемување на производството на батерии. Интересно е дека главниот конкурент на брендот компанијата Audi, исто така, беше принудена да го одложи почетокот на продажбата на електричниот кросовер e-tron.

Официјалната причина која беше објавена, е проблем со развојот на софтверот, но се тврди дека Audi и производителот на батерии LG Chem, не можат да се разберат за цената на батериите кои ќе се испорачуваат за електричниот модел.

Поврзани вести

Back to top button