Talisman доби мотор од Megane RS
Еден од ретките модели во средната класа на европскиот пазар - Renault Talisman, веќе има нова верзија - S-Edition, која е управуван со мотор на Megane RS.
Станува збор за новиот 1.8 литарски бензински турбо агрегат на Renault Talisman, развиен со помош на Renault Sport, кој дебитираше при промоција на спортската марка Alpine и користен од новиот А110. Потоа овој мотор се појави и кај новиот Megane RS, а се очекува дека тоа ќе се случи и во блиска иднина кај новото Clio RS.
Кај Talisman моторот е со моќност од 225 коњски сили и 300 Nm вртежен момент, а најголемиот седан и комби стануваат вторите модел кој се здобиваат со S-Edition верзија по Captur. Во овој случај, S-Edition е олицетворение на францускиот рецепт за автомобил со богата опрема и амбиции за поспортско однесување. Истиот 1.8 литарски турбо мотор сега е достапен во Германија и во друга верзија на Talisman, односно врвната верзија на Initiale Paris.
S-Edition исто така доаѓа со Renault 4Control (погонот на сите четири тркала), адаптивна суспензија и црна кожа. Во исто време 1.6 литарскиот dCi мотор веќе се нуди со моќност од 120 и 150 коњски сили, а во блиска иднина тој ќе биде заменет од новиот 1.8 литарски агрегат, кој дебитираше кај дотерувањето на Kadjar.