Возете го патот со новите Davanti пневматици
Пневматиците Davanti претставуваат нов бренд, а на пазарот за прв пат се појавија во 2015 година
Брендот Davanti е нов концепт на британски бренд за пневматици, кој претставува премиум и брзорастечки бренд. Тој е формиран од Oak Tyres во 2015 година, со седиште во Манчестер. Претставува приватен бренд, дизајниран и произведен од експерти во оваа индустрија, користејќи ја најновата и најнапредната производствена технологија во една од водечките фабрики во светот.
Овој бренд е продаван во повеќе од 35 држави во светот, а достапни се повеќе од 220 различни големини во опсегот на летни и повеќе од 90 големини во опсегот на зимските пневматици. Според статистиките на оваа компанија, застапеноста на Davanti пневматиците по територијата на Британија е 1 во 50. Исто така овој бренд претставува официјален партнер на фудбалскиот клуб Everton.
Во конкурентската класа на овој бренд се наоѓаат брендовите Toyo Tires, Maxxis, Falken и други.
За да обезбеди исклучителни перформанси, овој британски бренд инвестира голема сума на средства во тестирањето и развојот на своите производи. Така, со цел да обезбеди целосна доверба кај своите клиенти, Davanti е во соработка со дел од водечките независни испитни и сертифицирани компании, како што се TUV SUD, Test World, Applus, IFV и Tread.
Според ова, овој бренд добил имрпесивни оцени за екстремно ниското ниво на бучавост кај своите пневматици, кое е во оспег од 67-69 db, искличителни перформанси при влажни услови во А и Б ранг, додека пак според TUV, добиени се резултати споредливи со премиум брендовите.
Согласно со резултатите од тестирањата спроведени од Applus, моделите на пневматици DX390, DX640, DX240 и DX740 се наоѓаат на вторите позиции по брендот Continental, при испитување во различни патни услови.
Испитувањето на животниот век на овие пневматици било задача на германската испитна организација IFV, која спровела тестирање на моделот DX390 со димензии 205/55 R16 91V, според кое е утврдено дека трајноста во однос на изминати километри на овие пневматици изнесува 41.000 километри на предната оска и 98,000 километри на задната оска.
На нашиот пазар, официјален застапник за овој британски бренд е центарот за гуми Мотоцентар.