Hyundai и Kia со стратешко партнерство со Vodafone
Hyundai Motor и Kia Motors објавија дека двете компании постигнале договор за стратешко партнерство со Vodafone низ цела Европа
Договорот ќе им овозможи на клиентите на автомобилските марки да се потпираат на дополнителна погодност и безбедност во резултат на целосното поврзување на патниот систем на нивните возила. Партнерството меѓу Hyundai и Kia, од една страна и Vodafone од друга, ќе се обезбеди пристап на автомобилските компании до технолошките иновации и развој на телекомуникацискиот гигант, кој ќе им даде можност на своите клиенти дополнителни услуги преку патниот системи на автомобилите.
За целта, од Hyundai Motor Group планираат пазарното лансирање на целосно нов инфо-забавен систем кој ќе дебитира уште во следната година во некои од моделите на Hyundai и Kia.
Со реализација на соработката меѓу двете земји, клиентите на автомобилските производители ќе можат да се потпрат на информации за сообраќајот во реално време, како и такви за слободни места за паркирање, локализациони услуги, автомобилска дијагностика, гласовна контрола и други.
Системот на Hyundai Motor работи заедно со веќе воспоставените Android Auto и Apple CarPlay, ветувајќи интеграција за користење на мобилни телефони.