fbpx

Ford ќе ја проширува својата гама со нови SUV модели

Овој американски производител ја проширува својата SUV програма со новиот Puma 2020 кој претставува нова и помала верзија на легендарниот модел Bronco

Во последно време Ford е ангажиран кон ревидирање на својот опсег на модели и во иднина ќе се фокусира повеќе кон SUV и кросовер модели. Покрај враќањето на големиот Bronco, Ford ќе започне и дизајнирање на негова помала верзија, која ќе се базира на платформата на предводникот во Ц-класата, новиот Ford Focus.

Puma

Како дел од презентацијата на Ford на шоуто во Las Vegas, беа презентирани повеќе фотографии од новиот Puma.

Оригиналниот Ford Puma базиран на платформата на Fiesta, за прв пат на пазарот се појави во 1997 година, а неговото производство заврши во 2001 година. На овие фотографии беше прикажан новиот SUV модел со аголен дизајн и тркалезни предни LED светла со примамлив изглед.

Покривот е обележан со бела боја и на него се поставени кровни носачи, додека пак задниот браник е малку испакнат, а фаровите во задниот дел се со карактеристичен вертикален изглед. Новиот Puma се базира на новата модуларна платформа со погон на предните тркала, која е дизајнирана за компактни модели до средна класа.

Puma

Според големината овој модел може да се спореди со Ford Escape, кој кај нас е познат како Kuga. Како стилски индикатор, овој SUV користи ретро елементи од шеесетите, кои се комбинираат одлично во неговиот модерен дизајн. Компанијата ветува дека овој нов модел ќе биде дизајниран така што ќе го привлече вниманието на разни купувачи, со што ќе исполнува речиси сечии барања.

Поврзани вести

Back to top button