Renault со нови тестови за ClioV
Петтата генерација на Renault Clio се очекува да се појави почетокот на следната година, иако најхрабрите предвидувања се дека премиерата ќе биде пред крајот на 2018 година. Сепак, многу логично е да се очекува дека новиот Clio ќе се појави во Женева во март. Популарниот суб-компактен ќе добие нов дизајн во споредба со четвртата генерација, а најавена е и хибридна технологија.
Секако, треба да очекуваме дека дизајнот на Clio ќе биде во стилот и духот на она што го видовме кај новите Megane и Koleos. На прототипите, пресретнати за време на тестовите, вклучувајќи ја и последнава има сериозна покриеност, која не дозволува дури и претпоставки за надворешниот дизајн на новиот модел. Сепак, основните форми и пропорциите на автомобилот ќе останат блиски до оние на Clio IV, но некои од деталите, како што се решетките, ќе покажат блискост до она што го видовме кај концептот Renault Symbioz.
Главниот дизајнер на Renault, Лоренс Ван ден Акер ветува сериозни промени и во ентериерот, а тука се вклучува и многу поголем екран на допир на централната конзола и последната генерација апликации за поврзување. Ван ден Акер тврди дека ентериерот на моделите на Renault треба да стане толку привлечен за клиентите, како што е и дизајнот на автомобилите надвор.
Новиот Clio ќе користи модернизирана верзија на тековната CMF-B платформа, што значи пониски трошоци за развој на новиот модел. А пак, користењето на оваа платформа го условува и изборот на бензински мотори. Најмасовно ќе се користи големата ѕвезда, новиот 1.3 литарски турбо агрегат, а основната верзија ќе добие модернизирана варијанта на 3-цилиндарскиот мотор со зафатнина од 0,9 литри.
Се уште не е потврдено дека Clio V ќе добие и dCi мотор, иако тоа звучи лошо за обожавателите на 1.5 литарскиот дизел агрегат.