Автономните возила мора да научат да ги „читаат“ пешаците
Кога станува збор за пешаците и нивното однесување во сообраќајот, има голем број на променливи кои треба да се земат во предвид. Ова им е многу добро познато на возачите.
Ние сме доста вешти во препознавање на тоа дали некое лице има намера да ја премине улицата или едноставно без посебна причина стои на тротоарот. Можеме да ја процениме брзината на движење на велосипедистите и пешаците со која се движат кон пешачкиот премин, така што ќе може да одлучиме дали да ги пропуштиме или не.
Освен ако не се работи за Ултрон или Сигма, тогаш шансите за овие променливи да се земат во предвид кај автономните технологии се многу мали, барем не со човечка интуиција.
„Вие не можете да застанете на секој човек кој стои покрај патот, но сепак треба да запрете во самиот момент пред пешакот да започне да ја минува улицата“, изјави Хенрик Грин, шеф на оделот за истражување и развој на Volvo.
На овогодинешното шоу во Лос Анџелес, Volvo и Luminar демонстрираа колку е напредна нивната LiDAR технологија, која распознава човечки пози, а дури и може да детектира индивидуални екстремитети на растојание до 250 метри.
Ford Argo
Дури и ако сензорите стануваат подобри при детектирање на движењето, сепак тоа не е доволно за да се создадат точни предвидувања за тоа што може да се случи. На пример, ако човек кој трча се детектира цели три секунди пред да излезе на патот, тогаш за најдобро предивдување, идеален репер не претставува следењето на неговата траекторија, туку нивното лице и тоа дали тие го забележале возилото или не. Друг добар пример е детектирањето на пешак кој гледа во својот телефон додека се движи, што претставува поголема веројатност за ризично однесување.
„Затоа е важно да се разберат и земат во предвид овие особини на луѓето, а не само да се следи нивното движење“, изјави Лесли Нотебоум, коосновач и главен дизајнер во Humanising Autonomy во Велика Британија.
Освен софтверските инженери, Humanizing Autonomy претставува компанија која исто така вработува и психолози во област на човеково однесување, кои помагаат кон развојот на ваквите напредни технологии.
„Ако не се предвиди добро,постојат само две опции и ниту една од нив не завршува добро. Или ќе играте на безбедна карта и ќе бидете многу повнимателни, или ќе завршите со нагло притискање на сопирачките“, вели Пит Рандер, претседател на Argo AI.
Целосно автономните системи не смеат да си дозволат погрешно интерпретирање на човечкото однесување во сообраќајот, затоа што резултатот може да биде со катастрофални последици. Со цел да се подобри оваа технологија, секојдневно се вложува многу напор и труд, се вршат разни истражувања и испитувања кои придонесуваат кон напредок во оваа област.