Симфонија од срцето на Aston Martin Valkyrie
Aston Martin откри нови детали за целосно новиот хиперавтомобил Valkyrie кој ветува дека ќе постави нови стандарди во светот на најексклузивните супер спортски автомобили
Од Aston Martin споделија дека атмосферскиот 6.5 литарски V-облик, 12-цилиндричен мотор на Valkyrie кој е изработен заедно со специјалистот во областа Cosworth, е во состојба да генерира максимална моќност од 1000 коњски сили.
Сам по себе интересен, овој резултат стекнува уште поимпресивни димензии, откако од компанијата објавија дека тој се постигнува при разработување на погонскиот агрегат до 10.500 вртежи/мин.
Паралелно со ова, од Aston Martin велат дека тежинате е само 206 килограми. Максималниот вртежен момент на V12, срцето на Valkyrie, е 740 Nm при 7.000 вртежи/мин, но вкупниот показател ќе се зголеми дополнително како резултат на интеграцијата на систем за хибриден погон. Aston Martin Valkyrie ќе биде произведен во лимитирана серија од само 175 единици.