fbpx

Викенд Тарифа: Обновен Dodge Power Wagon од 1949 (Видео)

Производството на Dodge Power Wagon прекинала уште во 1981 година, но сега можеме да го видиме вратен во живот од компанијата Legacy Classic Trucks

Ретко можеме да видиме ваква добра реставрација на овој тип на постари автомобили, но сепак постои љубов кон ова хоби. Обично возилата во прашање се од Ford, Chevrolet или Jeep, но овој пат на ред е Dodge со нивниот Power Wagon од 1949 година.

Рестраврацијата ја прави компанијата Legacy Classic Trucks

Ова “чудовиште” од автомобил е огромен во секој поглед, од 40 инчните гуми, па и до кабината што е посебно нарачана токму за овој модел. Во внатрешноста се додадени некои модерни елементи како климатизација, греење за седишта, но сеуште го има задржено чувството и изгледот на оригиналниот дизајн.

Оваа варијанта е опремена со 5.9 литри дизел мотор со 350 коњски сили, 813Nm максимален вртежен момент и 4 брзински автоматик. За да нарачате ваква рестраврација на некој ваш омилен модел  би чекале околу 2 години, а цената би започнала околу 200,000 долари.

 

 

Поврзани вести

Back to top button