fbpx

ACEA: Целта на намалување на емисиите на CO2 од 37,5% звучи веродостојно, но апсолутно е нереално

ACEA е длабоко загрижена за сериозниот предизвик со кој се соочуваат автомобилите до 2030 година

„Членовите на ACEA се посветени на идејата за идно намалување на CO2 емисиите на автомобилите, но овие цели ќе бидат исклучително тешки за изведба во европската автомобилска индустрија“, коментира Ерик Јонаерт, главен секретар на Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA), по повод финализирањето на зделката меѓу Европскиот парламент и членките на ЕУ за намалување на штетните емисии кај лесните автомобили и комбиња, кои се очекува да влезат во сила до 2030 година. „Тие ќе бараат многу сериозно зголемување на електричните и другите автомобили со алтернативизиран погон отколку што е можно во моментот“, додава тој.

ACEA

ACEA е длабоко загрижена за сериозниот предизвик со кој се соочуваат автомобилите до 2030 година. Според официјалното соопштение на здружението, реализирањето на попуст со 37,5% на CO2 емисиите кај лесните автомобили и 31% кај комбиња може и да звучи веродостојно, но е тотално нереално врз основа на фактичката состојба, и истите се продуктувани целосно од политички мотиви, без да ги земат во предвид технолошките и социо-економските фактори.

„Сите наши членови ќе продолжат да инвестираат во своите автомобили и комбиња со алтернативни пориви, но се уште има неколку пречки кои го попречуваат масовното производство, вклучувајќи ја пристапноста и недостатокот на доволно добра мрежа полначи станици и премини за надополнување“.

„Несомнено овие екстремни цели за CO2 ќе имаат сеизмичко влијание врз работните места во целиот автомобилски синџир, по кој во моментов има 13,3 милиони европски работници“.

ACEA, исто така, коментираше дека договорот мора да биде одобрен од Европскиот совет и да се гласа во парламентот.

Поврзани вести

Back to top button