fbpx

Намалени цените на Tesla откако падна вредноста на акциите

Акциите на Tesla паднаа остро откако американскиот производител на електрични автомобили објави дека го намалува својот опсег за американскиот пазар

Овој потег беше интерпретиран од страна на инвеститорите како знак на опаѓање на побарувачката за производи на компанијата, сподели The Wall Street Journal. Според многу различни извори, цената на Model 3 сега е повисока од најавената почетна цена од 35.000 долари. Затоа компанијата не се брза да понуди основни верзии на моделот.

На почетокот на годинава Tesla најави дека ќе ги намали за 2.000 долари цените за Model 3, Model S и Model X, за да го компензира намалувањето на федералната даночна такса за купување на електрични возила.

Овој попуст бил 7.500 долари до сега, но од 1 јануари тој е намален за половина до 3750 долари. Компанијата на Илон Маск соопшти дека во последниот квартал на 2018 продажбата достигнала 90.700 возила – со 8% повеќе во однос на претходниот период и над три пати повеќе од последниот квартал на 2017, кога се уште имаше тешкотии со производството. Сепак, ова е под предвидувањата за 92.000 испораки.

И покрај намалувањето на цените акциите на Tesla загубија 10% од својата вредност за неколку часа. Сепак, некои аналитичари не се согласуваат со ставот дека постои пад на побарувачката. The Financial Times го цитира Бен Кало од Р.В. Берд, кој вели дека акциите на компанијата се уште ќе растат над просекот на пазарот.

Причината е дека повеќе од три четвртини од нарачките од Model 3 во последниот квартал доаѓаа од нови клиенти, а не од припејд корисници. Според Кало, ова е позитивен знак. Покрај тоа, тој додава дека во февруари оваа година, компанијата ќе започне да го извезува Model 3 на други пазари, вклучувајќи ја и ЕУ.

Поврзани вести

Back to top button