Нов модел од Ford за Европа
Ford започна тест на модел што ќе биде изграден врз платформата на Fiesta
Според Autocar, компактниот модел ќе биде претставен на пазарот во 2020 година, заземајќи го место на сегашниот EcoSport во опсегот на брендот. Новиот кросовер ќе добие EcoBoоst турбо мотори кои во мометов се вградуваат во Fiesta. Автомобилот ќе биде достапен и во погон на предни тркала и во погон на четири тркала. Главните конкуренти на пазарот во Европа ќе бидат Seat Arona и новата генерација на Nissan Juke.
Во моментов, EcoSport се произведува во фабриката на Ford во Крајова, додека првата генерација на моделот е направена во Индија. Во исто време Fiesta Active е достапна на повеќе континенти, а од неа има и хечбек верзија која се продава само на одредени пазари.