fbpx

Соработката помеѓу General Tire и NASCAR носи брендирано возило

На саемот Autosport International 2019 во Бирмингхем, General Tire го откри своето брендирано NASCAR возило со кое го означуваат почетокот на нивното партнерство

Во 2018 General Tire најави дека ќе го подржува NASCAR Whelen Euro Series како официјален партнер и снадбувач на гуми за сите тимови кои ќе учествуваат во трките во 2019 година. Како официјален снабдувач, таа ќе обезбедува на тимовите NWES GT модел на гуми со големина 11.5/ 27.5 R 15 за задните и предните тркала.

За прослава на новото партнерство, General Tire во соработка со NASCAR Whelen Euro Series создадоа брендирано возило кое го покажаа на Autosport International. Соработувајќи со специјалисти од NASCAR, се направи уникатен дизајн на боја која ќе ја опишува новата серија на трки.

„Како еден од најголемите моторспорт настани, Autosport International беше одлична платформа за да се претставиме како официјален партнер на NASCAR Whelen Euro Series“- рече Гај Фробишер од General Tire. „Ова е само почеток на возбудлива соработка помеѓу двата бренда и со нетрпение го очекувам почетокот на трките во април.“

Поврзани вести

Back to top button