fbpx

Детроит 2019: Cadillac го покажа својот нов SUV, моделот ХТ6

Cadillac за време на саемот за автомобили во Детроит го покажа својот нов SUV модел, ХТ6 наменет за пазарната 2020 година.

Станува зборр за SUV со три реда на седишта, а ќе биде сместен помежу моделите XT5 и Escalade. При презентацијата од компанијата најавија дека нивниот нов модел е изработен врз добро познатата C1XX платформа која исто така се користи кај моделите Traverse и Buick Enclave.

Како што и се очекуваше моделот својата инспирација ја црпи од Escala концептот каде предната маска е воочлива и има карактеристични светла. Внатрешоста на оделот е доста просторна и луксузна. Во неа се користат материјали со висок квалитет како дрво, кожа и карбонски влакна, нешто што доликува на компанија како Cadillac. Покрај тоа во моделот има и богата опрема како, гречи на седишта и нивна вентилација, Bose Performance Series sound систем со 14 звучници, информативно-забавен систем со 8 инчен екран на допир и мнагу други работи.

XT6

Од системите за асистенција, како и ај многу други модели се појавуваат системите за следење на мртвиот агол, адаптивен темпомат, систем за одржување на возиото во лента, систем за помош при паркирање , систем за автоматско сопирање, head-up дисплеј, night vision сисем…

Импресивна информација кај новитетот на Cadillac е тоа што багажниот простор е со волумен од 356 литри, а истиот се зголемува до 2228 литри со преклопување на третиот и вториод ред седишта. Со својата тежина од 2127 килограми XT6 е способен да повлече дури 1814 килограми.

За погонот на автомобилот се грижи 3,6 литарски V6 бензински мотор со 314 коњски сили и 373 Nm, задно со 9-степен автоматски менувач и стандардна тракција на сите четири тркала. XT6 на пазарот ќе се појави уште оваа пролет, а неговата цена ќе биде дополнително објавена.

Поврзани вести

Back to top button