fbpx

Во трка за Автомобил на Годината пет финалисти

Според жирито, во финалниот дел за годинашниов национален избор за Автомобил на Годината во Македонија за 2019 се најдоа пет потенцијални кандидати за најблескавото признание кај нас

Жирито составено од новинари чија специјалност е автомобилизмот ги соопшти имињата на моделите, односно финалистите кои годинава подеднакво ќе конкурираат за титулата Автомобил на годината во Македонија за 2019.

Правејќи анализи и оценувајки ги сите годинашни кандидати кои се најдоа на пошироката листа, применувајки ги критериумите според кои може да се биде дел од финалниот избор, жирито дојде до бројката пет. На листата на финалистите се Kia Ceed, Citroen C5 Aircross, Volvo XC40, Opel Grandland X и Ford Focus.

Производителите направија своја нова стратегија за освојување на автомобилскиот пазар, а една од нив беше лансирање на што повеќе нови модели. Како рефлексија на ова, новите изданија пристигнуваа со исто темпо како на светските, така и на македонскиот пазар, па затоа лани имавме многу новитети. Навистина пред жирито претстои тешка задача, бидејќи конкуренцијата е жестока.

Се очекува препознатливата стилизирана „маска од ладилник“ која се доделува на носителот на титулата и ги краси витрините на најреномираните светски производители, а се разбира и оние на нашите импортери. Затоа и годинава предизвикува голем интерес кај пошироката јавност, посебно љубителите и фановите на миленичињата на четири тркала.

Инаку, согласно работата на жирито, на ред се финалните тестови и активности. Носителот на титулата, во склад со традицијата, ќе биде познат, односно објавен во текот на февруари, исната година.

Поврзани вести

Back to top button