Новиот спортски SUV на Geely изгледа одлично
Кинескиот автомобилски гигант Geely ги објави првите слики од својот нов SUV купе кој ќе биде лансиран оваа година.
Новиот SUV на Geely е третиот нов предлог кој брендот го планира за оваа година, а заедно со останатите два целосно нови модели, ќе влезе во сегменти во кои марката не присуствувала досега. Новото Geely Sports Coupe што за сега е познато само со ознаката FY11, е првиот автомобил на марката, развиен врз основа на модуларната платформа CMA (Compact Modular Architecture), основана во соработка со Volvo во Шведска.
Од Geely коментираат дека новиот спортски SUV на компанијата е создаден со идејата да биде импресивен во секој поглед, а при појавата на пазарот ќе се нуди првично со дволитарскиот TD мотор со максимална моќност од 238 коњски сили и максимален вртежен момент од 350 Nm. Брендот обезбедил избор помеѓу верзии на погон на предните тркала и на четири тркала.