fbpx

Дали ова ќе биде новиот Peugeot 2008?

И покрај тоа што најдобро продаваниот SUV на Peugeot моделот 5008 доминира во SUV секторот, сепак компанијата сака да ја заземе круната во најбрзорастечкиот сегмент на европскиот континент - малата SUV класа

Во малата класа на SUV сегментот Renault Captur доминира на пазарот со повеќе од 186.000 продажни места минатата година. Конкурент од Peugeot би бил 2008, мал кросовер кој дебитираше во 2013 година и се покажа како добро продаван модел, но напредокот на технологијата и понудата од поефикасни мотори од конкурентите изгледа го доведоа моделот до неговото заслужено пензионирање.

Peugeot

Севкупниот облик на возилото се софпаѓа со она што би го очекувале од новиот 2008 модел на Peugeot. Интересно е тоа што недостасуваат капаче за полнење гориво и издувни цевки, што алудира на потенцијален хибриден или електричен мотор. Засега можеме само да претпоставиме дека ова е новиот претставник на компанијата и да чекаме Францускиот производител да ги потврди шпекулациите со официјални информации.

Поврзани вести

Back to top button