Женева 2019: Honda со нов електричен прототип
Honda потврди дека за време на претстојниот меѓународен саем во Женева за прв пат во светот ќе претстави прототип на нов електричен автомобил.
Од Honda коментираат дека новиот електричен модел на брендот е развиен со фокус на функционалноста и применливоста и дека прототипот ќе ја демонстрира и нагласува јасната поврзаност помеѓу него и концептуалниот развој Urban EV, претставен на салонот во Франкфурт во 2017 година.
Од брендот исто така велат дека светската премиера на прототипотот ќе ја покаже Electric Vision стратегијата на Honda, според која до 2025 година 2/3 од продажбата на компанијата во Европа ќе бидат електрифицирани возила.