Новиот Opel Vivaro и како електричен автомобил од следната година
Паралелно со обајвувањето на првите детали за новата генерација на Vivaro, од Opel најавија дека во текот на следната година моделот ќе се нуди и во целосно електрична верзија.
Од Opel коментираат дека при појавата на пазарот во февруари, новиот Vivaro ќе им понуди на корисниците одлична флексибилност и модуларност, а ќе се нуди во четири варијанти на каросерија, со должина од 4,6, 4,95 и 5,3 метри, со капацитет до 1400 килограми и товарен волумен до 6,6 кубни метри. Моделот ќе предложи исто така и дополнителна стабилност при потешки сообраќајни услови благодарение на системот IntelliGrip, а доколку е потребно е предвиден и пакет за зголемување на растојанието од патот и додавањето на дополнителни заштитни панели на долниот дел на конструкцијата.
Во опремата на новиот Vivaro ќе можат да бидат додадени седишта со електрично управување, head-up екран, преден и заден паркинг асистент со сензори и камери, адаптивен темпомат, активни сопирачки со функција за избегнување на удар, препознавање на сообраќајните знаци и повеќе. Опремата може да биде надградена со систем за задржување на возилото при нагорнини, потсетување за одмор или регистрирање на поспаност кај возачот, препознавање на сообраќајните знаци и друго.