fbpx

Renault со ограничено издание од Twingo le coq sportif

Само ден по официјалното објавување на верзијата за 2019 година на новата генерација на Twingo, Renault шири информации и за првата лимитирана серија на компактниот автомобил. Таа е развиена во соработка со фирмата производител на спортски производи le coq sportif и го демонстрира најдоброто од францускиот дизајн што двете компании можат да го понудат.

Стилскиот распоред на ексклузивното Twingo le coq sportif е со збогатени бои од француското знаме, а во исто време опременоста на возилото е збогатена со уникатни елементи за серијата. Тематското извршување на екстериерот е комбинирано со интересен ентериер со специфични за le coq sportif бои и материјали, а целокупниот изглед го истакнуваат со помош на алуминиумски елементи.

Специјалната серија е развиена врз најдоброто ниво на опрема на моделот, а во опремата се вклучени новиот Renault EASY LINK мултимедијален и инфо-комуникациски систем со можност за синхронизација на мобилен телефон преку Apple CarPlay и Android Auto, автоматска клима, камера за возење назад со паркинг асистент, автоматски бришачи и светла и друго.

 

Renault Twingo le coq sportif ќе биде достапно на пазарот во пролетта на оваа година, а ќе се нуди во четири верзии- Quartz White, Crystal White, Lunar Grey и Star Black, како и со ибор меѓу моторите SCe 75 и TCe 95 каде кај вториот ќе може да биде комбиниран и со роботизирана менувачка кутија EDC.

Поврзани вести

Back to top button