fbpx

Novitec го збогати Ferrari 812 Superfast со карбон пакет и 22-инчни тркала (Видео)

На Меѓународната изложба во Женева во 2017 година, се одржа светската премиера на најмоќниот сериски автомобил во историјата на Ferrari, моделот 812 Superfast. Со големо доцнење, но целосно оправдано, специјалистите во доработки на италијанските супер автомобили Novitec го демонстрираше својот став.

Традиционално, Novitec сериозно ja нагласува надворешноста на секој проект, а Ferrari 812 Superfast не е исклучок. Автомобилот веќе има импресивен јаглероден пакет кој не само што ја подобрува аеродинамиката, туку исто така изгледа моќно. За да го заокружи надворешниот изглед, компанијата за обезбеди и 22-инчни тркала.

Промените на Ferrari 812 Superfast продолжуваат и во останатите делови. Подобрено е потпирањето на автомобилот и со него може да се комбинира висината на предниот дел само со едно притиснување на копче. Враќањето во почетната положба се врши рачно или автоматски кога достигнува брзина од 80 km/h. Во врска со срцето на Ferrari 812 Superfast, Novitec не сподели повеќе детали, но истакна дека се уште работат на својата оптимизација и дека ќе понудат комплетно нов supersport издувен систем со адаптивен звук.

Поврзани вести

Back to top button